Ако мислевте дека на листата на најпопуларни Youtube ѕвезди ќе се најде некое позвучно име, се излажавте.
Овогодинешната титула за најплатена YouTube ѕвезда му беше доделена на Рајан Каџи, деветгодишник, чија задача е да ги распакува и проценува играчките.
Покрај каналот на YouTube, Рајан заработи и 200 милиони долари од низа играчки кои го носат неговото име и брендирани колекции облека.
Тој го отворил каналот во 2015 година, откако видел неколку видеа на оваа страница, па ја прашал неговата мајка зошто тој нема канал „кога сите други деца имаат“.
Семејството на Рајан, кое вистинското презиме Гуан го промени во неговото јутјуберско презиме, Каџи, во моментов води девет канали на YouTube.
И покрај огромниот успех, Рајан и неговото семејство се соочуваат со истрага на американските федерални агенции, во врска со тоа дека спонзорите не се соодветно обележани.
„Скоро девет проценти од видеата во кои Рајан оценува играчки содржат барем еден производ наменет за деца од предучилишна возраст, за кој е платено да се препорача. Децата од предучилишна возраст, не разликуваат рекламирање од прикажување играчка“, изјавија од организацијата за заштита на потрошувачите.