Free zone

Најпопуларниот тренд во моментов: Три начини да ги нагласите очите со помош на бел ајлајнер!

Шминката е нешто со кое може постојано да се експериментира, така што секоја сезона има нешто ново што е актуелно, или старите трендови се враќаат во променета форма. Оваа година, ја обележа, меѓу другото и белиот ајлајнер. Иако, можеби не е за сечиј вкус, овој нов тренд за шминкање на очите, има многу импресивен ефект и несомнено ги истакнува очите.

На моментално најпопуларната социјална мрежа за млади, „ТикТок“, девојките објавија десетици илјади упатства, каде покажуваат како најдобро да се искористи овој производ.

Бидејќи ги „отвора“ очите, многумина препорачуваат девојките кои имаат спуштени очни капаци да комбинираат бел и црн молив за очи.

Еве како може да изгледа тоа:

Исто така, белиот ајлајнер за очи може одлично да се искомбинира со топли, есенски нијанси.

На овој начин, вашиот есенски „make up look“ ќе добие нова, модерна димензија.

Белиот ајлајнер го зафати и светот на славните, па пејачката Аријана Гранде со месеци промовираше интересен начин на шминкање, кој го вклучува и овој нов тренд.

Напиши коментар