Celebrity

Најубавите филмски костими кои го имаат потписот на Yves Saint Laurent

Во 1950-тите, Yves Saint Laurent започнал сериозно да го истражува својот интерес кон костумите за изведба и станал составен дел од париските сцени во тоа време, облекувајќи ги убавиците како што се Zizi Jeanmarie, Jeanne Moreau и Аrletty, а паралелно ја развивал и филмската костимографија. Покрај беспрекорниот вкус и фантастичниот безвременски дизајн, тој бил исклучителен дизајнер на костуми благодарение на суптилното разбирање на самата приказна и начинот на кој таа комуницира со времето на кое му припаѓа, а секогаш внимавал и на разработката на ликовите преку нивната естетска димензија. Тоа е она што неговата костимографија ја направило легендарна.

Pink Panther, 1963

Иако Laurent не го потпишува дизајнот на костумите на овој класик со Peter Sellers во главната улога, неговиот потпис се наоѓа на некои од клучните парчиња што ги носи Claudia Cardinale. Особено се сеќаваме на култниот златен фустан во кој убавата актерка блеска како кралица.

Moment to Moment, 1966

Во овој трилер на Mervin Leroy, Laurent по прв пат создадава костимографија специјално наменета за филм, во кој главната улога ја имала Jean Seberg. Во костумите кои совршено балансираат помеѓу сензуалноста и воздржаната елеганција, главниот лик е жена која започнува афера со полицаец, а дел од естетиката што Laurent ја развива во овој филм, во целост се оформила следната година во друг филм со слична содржина.

Arabesque, 1966

Во оваа криминалистичка приказна за меѓународните интриги, Laurent ја истакнал незаборавната силуета на Sophia Loren, која има улога на заводлива шпионка во љубовно – убиствениот триаголник помеѓу Gregory Pack и Alan Badel. Костимите се over – the – top фантастични, колку и самата главна актерка.

Max et les Ferrailleurs/Max and the Junkmen, 1971

Во овој детективски филм на Claude Stautet, главната улога ја игра Romy Schneider во модната палета на Yves Saint Laurent, што веќе покажува промена на модата од раните седумдесетти години: силуетите стануваат порелаксирани, материјалите помеки, но црниот винил капут останува засекогаш.

Subway, 1985

Навидум необична комбинација на Saint Laurent и Luc Besson од средината на осумдесеттите, носи мода што ќе ве инспирира да трчате низ Париското метро во вечерен, свечен фустан. Комбинацијата на панк естетика, висока елеганција и преголеми силуети никогаш не изгледала толку добро, а помага и тоа што ги носи болно убавата Isabelle Adjani. Со дизајнот на костимите на овој филм, Saint Laurent ја покажува широчината на неговите модни интереси и уште еднаш докажал дека одличниот стил секогаш може да се трансформира, одржувајќи ја својата вечна суштина недопрена.

Напиши коментар