Free zone

Најзначајните особини на емоционално интелигентните луѓе

Позитивни се

Ако размислите малку, ќе сфатите дека сме опкружени со лоши настани и лоши вести, па лесно е да се помисли дека целиот свет оди „надолу“. Сепак, емоционално интелигентните луѓе не дозволуваат тоа да влијае на нив, бидејќи тоа се работи и настани на кои не можат да влијаат. Наместо тоа, тие се фокусираат на работите што се во нивна моќ и го насочуваат своето внимание и напори кон тоа.

Полни се со самодоверба

Емоционално интелигентните луѓе имаат добри манири, емпатични се, љубезни кон другите и имаат способност да постават граници во однесувањето. Оваа комбинација на одлики е клучна кога треба да се реши конфликт, а повеќето тогаш стануваат пасивни или пасивно-агресивни. Од друга страна, луѓето кои се украсени со емоционална интелигенција успеваат да останат смирени и да избегнат конфликти не покажувајќи емоционални реакции во таквите ситуации. На тој начин, тие го неутрализираат проблемот без да создаваат непријатели за себе.

Љубопитни се

Не е важно дали се екстровертни или интровертни, емоционално интелигентните луѓе се љубопитни и ги интересира се околу нив. Таа љубопитност е производ на емпатија – колку повеќе се грижите за другите и за она што им се случува, толку повеќе сте љубопитни во врска со нив.

Простуваат, но не забораваат

Луѓето кои имаат високо ниво на емоционална интелигенција им простуваат на другите за да избегнат лутина, но тие никогаш не забораваат што се случило. Кога сме лути на некого, во нас имаме негативна емоција, којашто е многу стресна за телото. Ако се „држиме“ до негативните емоции и стресот, тоа може лошо да влијае на здравјето, а емоционално интелигентните луѓе знаат како да го избегнат тоа. Сепак, само затоа што некому ќе му простат за лошото однесување не значи дека ќе му дадат уште една шанса, туку тие ќе се „оддалечат“ од личноста за да се поштедат од слични ситуации во иднина.

Внесуваат радост во секој сегмент од животот

Емоционално интелигентните луѓе точно знаат што ги прави среќни и се обидуваат да „внесат“ среќа во сè што прават. Тие ги претвораат монотоните обврски во игри, прават паузи за да уживаат во работите што навистина ги сакаат, без разлика колку обврски имаат, бидејќи знаат дека тоа е добар начин да се справат со стресот.

Не се навредуваат лесно

Тие имаат јасна претстава за себе, па затоа туѓите зборови и мислења не ги навредуваат така лесно. Емоционално интелигентните луѓе имаат самодоверба, самопочит и „отворен“ ум, поради што се прилично „отпорни“ на грдите зборови.

Напиши коментар