Познатата комичарка и актерка Ребел Вилсон донесе новогодишна одлука за поздрава 2020 година во која ќе изгуби значителен вишок килограм. Во неделата таа се пофали дека заостанува само три килограми од поставената целна тежина.
- Среќна недела на сите вас. Се подготвувам за одлична претстојна недела. Бев многу зафатена минатата недела, но трипати станав многу рано околу 6 часот наутро и отидов на прошетка. Дури и направив неколку спринтови на 100 метри за дополнително да го забрзам пулсот. Иако мојот спринт за другите е веројатно лесна трка, се чувствував горда на себеси, напиша Вилсон на Instagram и откри дека е на само три килограми од посакуваната тежина.
Актерката потоа објави бумеранг гиф на Instagram каде минатиот месец се почасти со едно слатко задоволство на забава во Монако.
- Запомнете девојки, вие сè уште треба да се частите, ги охрабри Вилсон сите девојки кои сакаат да одат по својот пат, додавајќи дека сега тоа го прави само еднаш до двапати неделно, а другите вечери го заменува благото со бања со меурчиња.
Актерката во мај во Instagram откри дека работи на намалување на телесната тежина на 75 килограми.
- Дури и ако треба да ползиш кон својата цел, продолжи. Ќе се исплати! Обидете се да работите напорно секој ден. Знам дека некои денови можат да бидат фрустрирачки, пеколни, и се чувствувате како да се откажувате од сè затоа што ве нервира недостатокот на напредок. Но, ќе дојдат добри работи , напиша Вилсон.
Во август, актерката беше на околу 8 килограми до нејзината цел.
- Кога синоќа по вечерата посегнав по бонбоните, си помислив, хммм … подобро не и се напив шише вода наместо тоа, напиша тогаш Вилсон и им откри на обожавателите дека се надева дека ќе ја изгуби преостанатата тежина до крајот на годината.