Free zone

Наскоро на другарите ќе можеме да им испраќаме сликички од жена со брада, повредено срце и лице во облаци – Ни следуваат нови емотикони!

Секоја година, списокот на емотикони, популарните смајлиња се зголемува, а Организацијата Unicod Consortium објави нов сет на емотикони што ќе ги користиме во текот на следната година.

Со текот на годините, бројот на одобрени емотикони се зголеми. Оваа година, одобрени се дури 217 нови емотикони. Иако, оваа бројка е голема, 210 од нив се всушност варијации на веќе постоечките, а само седум од нив се целосно нови.

Огнено срце, повредено срце, жена со брада, човек со брада, лице што издишува, лице во облаци и лице со спирални очи се најновите емотикони што ќе можеме да ги користиме од 2021 година.

Сега останува на производителите да ги процесираат новите емотикони и да ги вметнат во нивните оперативни системи и програми, така што ќе бидат достапни за сите корисници.

Оваа непрофитна организација, која создава unicod стандарди, користени од системите ширум светот, одобрува нов сет на емотикони кои ќе станат достапни на компјутерите и мобилните уреди низ целиот свет во наредните месеци.

Напиши коментар