Celebrity

Најубавата жена на светот овој пат изгледаше непрепознатливо – Бела Хадид приреди вистинско модно изненадување

Манекенката Бела Хадид, која важи за една од најубавите жени во светот, прошета по улица во непрепознатливо издание…

Бела е секогаш негувана и максимално средена, а на своите фотографии што ги објавува, често го истакнува своето витко тело во тесни комбинации на облека. Сепак, таа сега навистина изненади со својот стајлинг.

Познатата манекенка прошета низ улиците на Њујорк во широка тренерка, коса врзана во опашка, со капа на главата, очила и маска.

Има широка јакна над тренерката, а многумина коментираа дека кога би поминале покрај неа, не би ја препознале во ова издание.

Напиши коментар