Celebrity

Не доаѓа предвид Канскиот фестивал да се одржи на Интернет, еве и зошто!

Ако реализацијата во живо е спречена од вирусот корона, Канскиот филмски фестивал нема да се одржи на Интернет, потврди директорот на фестивалот Тјери Фремо за Варајети.

„Преселувањето“ на Интернет ќе ја уништи душата на фестивалот, рече тој, но исто така ќе создаде голем проблем со премиерите на филмовите на Интернет.

“Таквиот модел не би функционирал во Кан … Тоа би ја поништило душата, историјата, ефикасноста на фестивалот. Што е дигитален фестивал? Дигитален натпревар? Верувам дека прво треба да ги прашаме сопствениците на авторските права што мислат за тоа”, вели Фремо.

“Реализацијата на Вес Андерсон или Пол Верхофен на компјутер? Откривањето на Топ Ган 2 или (Пиксаровиот филм)Душа, било каде освен во кината? Овие филмови се одложени за да се прикажат на големото платно. Не гледам зошто да се прикажат во Кан на некоја дигитална платформа“, додаде Фремо.

Одбивањето на раководството на фестивалот во Кан, да се пресели во дигиталното опкружување не не изненадува, забележува Варајети, бидејќи Фремо е хардкор фан на големото платно, а дури беше и домаќин на годишниот фестивал Лимиер во Лион во чест на француските пионери на филмот, браќата Лимиер.

Напиши коментар