Мараја Кери е позната како кралица на божиќните песни низ целиот свет, а оваа година има и помош!
Поп дивата објави ремикс на песната Oh Santa! што првично беше издаденa во 2010 година, а овој пат учествуваат и моќните вокали на: Џенифер Хадсон и Аријана Гранде.
Во центарот на вниманието, секако, зад главниот микрофон стои Мараја, додека Ари и Hеј Худ носат слатки зелени облеки (тие и се Божиќни помагачи), додека заедно ги пеат стиховите од оваа песна, кои повторно оживеаа.
И како шлаг на тортата, песната завршува во високи тонови, кои заедно ги пеат Ари и Мараја. Каде ќе најдете подобро!