After Midnight

Не е доволно само да кажете „Те сакам“ или „Извини“ – Овие четири нешта се клучот за успехот на вашата врска

Само љубов не е доволно за да успее врската, а во тоа многумина се увериле на потешкиот начин. Да, важно е да ги искажете своите чувства и да кажете: „Те сакам“ или да признаете дека не сте во право и да кажете: „Извини“.

Сепак, според психолозите, тоа не се најважните зборови во врската.

Постои фраза од 4 збора којашто е комбинација од ранливост, предавање, искреност и почит кон вашиот партнер – а, тоа е реченицата: Навистина си во право!

Искрено признавате дека ви е жал

Кога се извинувате, има смисла, но факт е дека овој збор го користиме уште од најмала возраст, дури и кога навистина не го мислиме. Како резултат на тоа, зборот „извини“ изгуби дел од првичното значење. Но, кога ќе му признаете на вашиот партнер дека имал право, во исто време на најискрени начин ќе му покажете дека навистина ви е жал.

Покажувате дека сте го слушале вашиот партнер

Да бидеме искрени, ние често се преправаме дека ја слушаме другата личност, а понекогаш и целосно се исклучуваме додека зборува. Но, со оваа реченица покажувате дека барем во еден момент сте посветиле целосно внимание на она што го зборува вашиот партнер и сте го запамтиле тоа.

Признавате дека не сте совршени

Ние често мислиме дека сме во право, многу повеќе отколку што навистина сме. А, особено е тешко да се признае за време на расправија дека не сме во право. И затоа, кога ги кажуваме овие четири зборови, му овозможуваме на нашиот партнер да ги следи неговите мисли и срце. И тоа е нешто што сите треба да го правиме почесто, нели.

Вашиот глас е важен

Важно е да разберете дека не рековте дека сте погрешиле и дека сте признале пораз. Исто така, нема да изигравате маченик или жртва поради тоа. Можеби навистина сте виновни, но можеби и двајцата сте во право, сето тоа е прашање на интерпретација или вашата дискусија околу тие теми.

Напиши коментар