Free zone

Не е сеедно како се шминкате: Начинот на кој ја нанесувате сенката, може потполно да ви ја промени формата на окото

Не можеме сите да бидеме професионалци кога станува збор за шминкањето, но можеме да искористиме некои од нивните совети. Особено ако сакате да си играте со лицето.

Вистина е дека начинот на кој нанесуваме сенка, контури и ајланет, може визуелно да ја смени формата на некои делови, но и на целото лице.

Александра Анела е една од најпопуларните шминкерки на Инстаграм и на ЈуТјуб. Нејзините совети ги следат милиони луѓе, но со причина.

За разлика од другите инфлуенсери, таа не се плаши да покаже како нејзиното лице навистина изгледа со шминка, а советите кои ги дава, можат да ви помогнат.

Се разбира, не можете да станете професионалец преку ноќ и да создадете совршена шминка. Како и за другите работи во животот, така и за ова, за совршенство е потребно многу време и вежбање. Меѓутоа, ако ги примените овие совети, ќе знаете што треба да избегнувате или да примените ако сакате да имате визуелно поголеми очи или мачкест поглед.

Погледнете го видеото:

Таа користеше неутрална палета на бои, но, како што вели, можете да ги примените советите со сите бои.

Ако сакате вашето око да изгледа поголемо и заоблено, не извлекувајте ја сенката нанадвор. Наместо тоа, фокусирајте се на средниот дел од капакот. Таму треба да бидат поставени посветли нијанси, додека изгледот ќе го „заокружите“ со потемни. Потемните нијанси треба да ги ставите на крајот од окото и да ги исенчите нанадвор.

А, ако сакате „мачкести“ очи, светлите делови треба да бидат на аголот на окото, потемна сенка ставете и на горниот дел на очниот капак и извлечете ја нанадвор.

Секако, потребно е мало експериментирање, за да го пронајдете вистинскиот начин да примените вакво нешто на обликот на вашето око. Но, како што вели Александра, овој ефект е возможен за сите форми на очи, па дури и за оние со спуштени очни капаци.

Напиши коментар