Free zone

Не можете да ги закопчате фармерките? Не грижете се, постои решение и за тоа!

Не сте носеле некои панталони долго време, па решивте конечно да ги извадите од гардеробата, но ве дочека непријатно изненадување. Тие веќе не ви се точни и не можете да ги закопчите…Не паничете, има решение!

Можеби сте додале неколку килограми вишок, но тоа не значи дека не треба да ги носите омилените панталони, кои се само малку стегнати на половината. Вашиот спас е ластик за коса. Ставете го на копчето од панталоните, а потоа повлечете го низ отворот на панталоните и врзете го преку копчето.

Само еден ластик за коса ќе ви овозможи полесно да дишете и повторно да можете да ги носите посакуваните панталони.

Напиши коментар