Celebrity

Не престанува да изненадува: Аријана Гранде има невообичаена улога во своето ново музичко видео!

Аријана Гранде со нова интересна улога за нејзиниот најнов музички спот. Минатиот месец таа беше во улога на претседател на Америка, а во својот нов видео спот за „34 + 35“, Аријана се појавува како научник, обидувајќи се да создаде некаков „Ари“ робот.

Исто како и во другите музички спотови, пејачката неколку пати го менува својот изглед во текот на тие четири минути, а нејзината коса е средена во стилот на 1960те и 1970те години, нешто слично на изгледот од претходното видео.

Сите знаеме колку 27-годишната девојка ја сака Ноќта на вештерките, па не е изненадување што Аријана ја адаптираше класичната приказна за Франкенштајн во нејзиното најново видео. Можеби тоа беше нејзини начин да ја прослави Ноќта на вештерките оваа година, откако нејзините омилени Halloween Horror Nights беа откажани поради Коронавирусот.

Видеото, сепак, има помалку страшни и повеќе гламур сцени, а завршува така што роботот Ари оживува.

Напиши коментар