After Midnight

Не трчај по некој кој не треба да биде во твојот живот

Лице кое не ја гледа твојата вредност не треба да те интересира. Напротив, тоа треба да биде знак дека нема никаква врска со твојот живот. Луѓето кои треба да бидат во твојот живот се оние кои вистински те ценат и не им треба никаков доказ.

Трчањето по некого воопшто не е забавно, особено ако станува збор за љубовна врска. Зошто со нетрпение очекуваме да добиеме одговор на испратената порака? Кога е закажана средба, дали мислиш дека си повеќе возбудена за тоа од другата личност? Зошто да „трчаш“ кон некој што можеби не вреди да постои во твојот живот? Зошто да се мачам – кога другите не прават ништо за мене? Не…не трчај по некој што не треба ни да биде во твојот живот! Не се труди премногу онаму кадешто ќе треба да бараш љубов од некој што не ни разбира колку го цениш.

Ти се обидуваш да натераш некој малку да се прикраде во твојот живот, иако тој не знае како да ти го даде заслуженото внимание.

Откриј кои се луѓето со кои сакаш да поминуваш повеќе време и кои сакаат да го сторат истото за тебе. Обрни внимание на нив.

Напиши коментар