Astro&Horoscope

Не знаат за страв: Ова е најхрабрата комбинација во хороскопот!

Кај личноста со оваа хороскопска комбинација, несомнено постои позитивно влијание на Бикот во однос на Овенот, бидејќи земјата, симболот на Бикот, го омекнува и смирува елементот на оган, којшто го има Овенот. Така, бестрашноста на Овенот добива истрајност, затоа што се раѓа со чувство за мерка, па лицето станува поразумно и концентрирано. Од друга страна, природата на Бикот, кој во основа има одбранбен карактер, поврзан со материјални добра – станува поспонтана, попримувајќи поголема доверба. Резултатот од комбинацијата на овие два знака е личност која влева доверба во другите, е сигурна во себе и е љубител на секоја активност.

Станува збор за доверлива личност, којашто мрази нечесност, насилство и не губи време со ментални активности. Нејзината интелигенција е практична во целосна смисла на зборот. Тоа е ОВЕН со подзнак БИК.

Напиши коментар