Многу девојки се борат со изборот на сенка за очи. Една нијанса го затвора окото, но најголемото прашање е која го отвора, за да изгледате како да сте излегле од некој beauty – салон. На вашите маки им дојде крајот!
Сини очи
Сините очи се можеби една од најчестите нијанси на очи. Не можете да погрешите со нив бидејќи скоро секоја боја им одговара. За да постигнете wow ефект во техниката smokey, користете сребрена или златна сенка. Може да се комбинира и со сината сенка за очи, но не заборавајте да ја погодите нијансата што ви е потребна! Покрај тоа, со цел повеќе да се потенцираат очите, дозволено е да се нанесува маскара на горниот и долниот дел од очниот капак, така што бојата на окото доаѓа до израз.
Кафеави очи
Темно кафените очи прифаќаат ни повеќе и помалку туку – сини нијанси! Овие сини нијанси вклучуваат виолетова, што дефинитивно се препорачува за темно кафеави очи. Маскарата што одговара на темно кафеави очи треба да биде кафеава или црна.
Зелени очи
Без оглед на тоа што оваа боја на очи не е најчеста – таа исто така го заслужува своето место на оваа листа, затоа што и за неа постојат правила на нанесување сенка за очи. На зелените очи најсоодветни се металик боите со умерени дози на потопли тонови (бронза / злато). За оние малку похрабрите, жолтата нијанса ги истакнува зелените очи како ниеда друга од горенаведените!