Таа стана sвезда благодарение на косата, а потоа започнаа заканите.
Нигериската манекенка, Чика Лан се прослави со својата необична фризура, за која вели дека вреди 40 милиони. Сепак, приказната сега отиде на следно ниво – нејзината фризура доби и полициска придружба.
Како што објасни таа, откако започнала да се фали за вредноста на својата коса по социјалните мрежи, ставајќи хаштаг фризури од 40 милиони на секоја фотографија, таа започна да прима закани што ја плашат и сфати дека со својата скапоцена коса ја „изгуби“ својата слобода “. Сепак, од косата не се откажува.
„Сакам да бидам уникатна. „Кога ќе погледнете наоколу, ќе видите дека сите имаат сличен стил, а јас сум личноста која ќе дава пари и ќе помине низ секакви непријатности, само за да се издвои од толпата“, изјави таа во една прилика.
Се разбира, таа не ја имала отсекогаш оваа „инсталација“ на главата ниту пак е фризура за секој ден. На Инстаграм можете да видите и „поевтини“ фризури, кои таа ги носела со иста цел, односно за да се „издвои од толпата“