Celebrity

Нејзиното тело некогаш беше прогласено за идеално: Познатата манекенка драстично се здебели!

Британската манекенка и актерка, Кели Брук, чие тело беше прогласено за најсовршено на светот во 2016 година, според истражувањето на научниците од Универзитетот во Тексас, веќе не се оптоварува со нејзиниот изглед.

  • „Од научна гледна точка, оваа жена е целосно природна и совршена“ – заклучија научниците пред четири години за Кели, чии мерки во тоа време изнесуваа 99-63-91. Според нив, таа имала совршени 66 килограми на висина од 168 сантиметри, но најновите фотографии од агенцијата покажуваат како оваа 40-годишна убавица, која неодамна го прослави својот 40-ти роденден, малку се запоставила, што и самата не одрекува дека е така.

Живее во Лондон со своето момче Џереми Парисија, кој е пет години помлад од неа и живеат прилично нормален живот.

  • „Знаев дека ќе се смирам еден ден. Ми здосадија погрешни луѓе и негативни вибрации. Не би рекла дека живеам досаден живот сега, но сега уживам во различни работи. Ја сакам својата градина, сакам да одам на работа, да го шетам моето куче, го сакам моето момче и сакам да готвам … Само што сега сум постара.

За време на карантинот, таа изјави дека малку се запоставила себе. Многу работела од дома и готвела, што резултирало со поголеми облини на некогашното совршено тело.

  • „Во моментов носам големина 38, а градите и колковите ми се на 40ка. И тоа е мојата среќна големина. Во времето кога бев најслаба, бев и најнесреќна. Кога го изгубив татко ми во 2007 година, носев големина 36 и никогаш повеќе не би го повторила тоа“ – изјави Кели и истакна дека задоволството од своето тело доаѓа со годините.

Напиши коментар