Во животот ќе запознаеш некои луѓе, кои ќе научат да те ценат, дури откако ќе те изгубат. Кога ќе престанеш да бидеш нивната вечна поддршка, која секогаш ја земале „здраво за готово“. Кога ќе престанеш да им ги испраќаш оние долги и срдечни пораки, кои скоро секогаш ги игнорирале. Кога ќе престанеш да гледаш во телефонот, со надеж дека ќе те побараат.
Некои луѓе никогаш нема да сфатат колку многу ги сакаш, се додека не откријат дека никој нема да ги сака како ти. Ќе се обидат да го придобијат твоето внимание, дури откако ќе сфатат дека го изгубиле засекогаш. Ќе се обидат да те освојат точно во оној момент кога ќе заклучат дека повеќе тебе те нема во нивниот живот. Кога ќе сфатат дека имаш и други опции во животот и кога ќе увидат дека некој те третира подобро од нив. Кога ќе заклучат дека ти навистина не сакаш да бидеш ничија опција, туку приоритет.
На некои луѓе ќе почнеш да им недостигаш, кога ќе добијат чуство дека потполно си ги заборавила. Кога повеќе нема да им го честиташ роденденот, кога нема да можеш да се сетиш која им е омилената песна, книга или филм, кога конечно ќе го исфрлиш од главата секое сеќавање на нив.
Некои луѓе ќе почнат да те сакаат, тогаш кога ти ќе престанеш да ги сакаш нив!