Free zone

Неколку грешки кои ќе направат да изгледате многу неуредно – A, сите знаеме дека една девојка тоа не смее да си го дозволи

Несовпаѓање на лицето и вратот
Кога ќе ја нанесете пудрата, ќе ја уништите илузијата за совршен изглед, ако не ја нанесете и на вратот. За да не изгледате како да носите маска, задолжително ставете пудра и на овој дел од телото.

Предолга коса
Долгата коса е привлечна и секси, но не треба да се претерува. Ако е до половина грб, изгледа фантастично, а се што е над таа должина, делува застарено и невкусно.

Француски маникир и педикир
Им се извинуваме на љубителите на францускиот маникир, но: ако го носите со години, крајно време е да се ослободите од него. Порано беше “ин”, а денес не е воопшто популарен.

Дотерување во јавност
Некои работи не треба да се споделуваат со луѓето околу вас. Ова особено се однесува на дотерувањето. Ако треба да ги исечете ноктите или сакате да ја исчешлате косата – направете го тоа зад затворени врати, а не пред сите.

Лак за нокти
Одлучете се дали ќе го носите или не. Никогаш не дозволувајте да ве видат во јавност со лак за нокти кој е половина „паднат“. Зошто? Овој опционален стил е популарен кај ученичките, но вие сте дама, така што овој изглед на нокти ќе остави впечаток дека не се грижите за себе и за вашиот изглед.

Веѓи
Треба да ги средите, затоа што влакната се тотално „out“. Осумдесеттите години одамна ги нема, а споените веѓи воопшто не се во мода. Прекрасно обликуваните веѓи ќе го подобрат целокупниот изглед на вашето лице. Но, внимавајте, дури ни премногу тенките веѓи нема да изгледаат добро. Не претерувајте.

Пренашминкани усни
Усните на Анџелина Џоли или Северина изгледаат одлично, но имајте во предвид дека овој изглед нема да го постигнете ако нанесете три кармини одеднаш. За овој изглед на усните, сепак е потребна пластична хирургија.

Солариум
Вештачката боја на кожа, којашто ја добивате во солариум, е опасен начин за разубавување. И точка! Наместо тоа, користете производи за самопотемнување. И не претерувајте со нив.

Напиши коментар