Покрај тоа што сакате да пиете лимонада, ако не сте знаеле, вашата кожа и коса исто така сакаат лимон, можеби дури и повеќе од внатрешноста на телото.
Еве неколку причини веднаш да отидете во продавница, да купите лимон и да започнете со разубавување.
Крем кој ја хидрира и чисти кожата
Измешајте неколку капки вода од кокос и неколку капки сок од лимон. Кокосот ќе придонесе за хидратација, додека лимонот ќе биде задолжен за чистење и освежување на кожата.
Избелување на темни кругови на лактите или колената
Ако имате проблем со темна кожа во овој регион, едноставно истријте половина лимон.
Отстранете ги црните точки
Ако ви е тешко да поверувате дека е можно да се ослободите од црните точки, еве еден факт – лимонот има антибактериски својства и затоа лечи дури и акни. Затоа, пробајте, исцедете лимон и истријте го на лицето, црните точки ќе исчезнат додека да трепнете.
Избелување на заби
Измешајте сода бикарбона и сок од лимон и нанесете на забите, а потоа истријте со четка и исплакнете. Во секој случај, тоа е многу поевтино отколку да одите кај вашиот стоматолог.
Зајакнување на ноктите
Дали сте отишле предалеку со одењето на маникир? Направете природна мешавина за враќање на вашите природни нокти, би спречиле испукување и појава на жолти дамки. Измешајте сок од лимон со омиленото масло (обично се користи маслиново масло) и натопете ги ноктите во него.