Дали те нервираат мозолчињата или малите осипувања кои од време на време се појавуваат на лицето? За да спречиме, а не да лечиме, ние ти претставуваме неколку начини за нега на кожата.
Редовно дезинфицирај го твојот мобилен телефон
Истражувањата покажаа дека мобилните телефони имаат 10 пати повеќе бактерии од тоалетната школка. За да избегнете несакани ефекти на лицето, важно е секојдневно да го чистите екранот на телефонот со соодветна антибактериска течност.
Измиј ги четките и сунѓерите со кои нанесуваш шминка
Дерматолозите посочуваат дека главната причина за појава на мозолчиња, алергии и други проблеми со кожата е четката за шминка. Четките за пудра мора редовно да се мијат.
Внимавај на исхраната
До сега научивме дека шеќерот и масната храна не се пријатели на нашата кожа, но исто така ригорозните диети можат да бидат опасни. Ако си на диета, провери дали јадеш разновидна храна, доволно течности, витамини и минерали.
Туширај се веднаш по тренингот
За да и дозволиме на кожата да дише, мора да и обезбедиме вода. После секој тренинг, истуширај се – да ги отстраниш бактериите и потта.
Пиј многу течности
Познато правило за кое сите знаеме. Внесувај доволно течности, особено вода во текот на денот.