After Midnight

Неколку неочекувани нешта кои мажите ги сметаат за исклучително привлечни

Ако мислевте дека мажите ги возбудуваат само сексуални работи и одредени делови од телото – се лажете. Како и жените, мажите, исто така, ја поврзуваат сексуалната возбуда со несексуални предмети, феномени и слично.

Можеби дел од горенаведеното ви изгледа апсурдно, но сепак голема група анкетирани мажи го потврдија истото.

Парфем
Сетилото за мирис игра важна улога кога станува збор за сексуално возбудување. Многу често и мажите и жените поврзуваат одреден парфем со некоја личност и се возбудуваат веднаш штом го почувствуваат.

Песна
Некои песни се буквално иницијатори за секс, а како тогаш да не ги поврзуваме со возбудата, кога не потсетуваат на добро поминато време?

Црвена боја
Веќе е познато дека црвената боја е боја на страст и љубов, но и непосредно средство за возбудување на партнерот. Затоа, ако барате секси долна облека, задолжително изберете комплет во црвена боја.

Неговата кошула на вас
Едноставно е секси за мажот да ја гледа кошулата лабаво закопчана на вашето голо тело. Ова веднаш ќе го охрабри да ја тргне од вас.

Страв
Колку и да звучи чудно, многу мажи се возбудуваат од непознати ситуации во кои истовремено чувствуваат страв и наплив на адреналин.

Напиши коментар