Сигурно ви се случило неколку пати да прескокнете редовен ден за миење на косата и одеднаш, вашата коса е толку валкана што ништо друго освен топла вода и шампон не може да помогне.
Но, што ако ви кажеме дека постојат неколку едноставни начини кои ќе ви овозможат да ја миете косата поретко? Пред да се „удавите“ во шампонот за суво миење, прочитајте го овој текст. Првиот совет е да ја исушите косата природно, користејќи алатки за стилизирање со топлина само за специјални прилики. Но, кога станува збор за трикови и фори – за што всушност станува збор?
Исушете го коренот на косата со фен
Кога ќе ја измиете косата, оставете ја да се исуши природно, колку што е можно, но исушете го коренот на косата со фен. Ова ќе допринесе вашата коса да биде помалку масна и да има волумен.
Користете капа за туширање
Кога се туширате, не заборавајте да користите капа за туширање, бидејќи само така ќе можете да спречите создавање хаотичен неред од вашата фризура, предизвикан од влага.
Шампон за суво миење на косата пред спиење
Се разбира, шампонот за суво миење на косата е едно од решенијата. Сепак, тој ќе блесне во полн сјај, доколку го нанесете пред спиење. Ќе се разбудите со коса полна со волумен!