After Midnight

Неколку причини зошто момчињата не сакаат први да започнат разговор

Тој не е сигурен за вашите чуства

Момчињата се многу претпазливи со своето срце, особено ако претходно му било скршено. Можеби му влевате страв: тој не е сигурен дека ќе можете да му верувате. Не е сигурен ниту во вашата симпатија и чувства кон него, па затоа разговара со вас само кога ќе му пишете. Навистина, во овој случај, тој сигурно знае дека сакате да разговарате.

Премногу луѓе му пишуваат

Може да има уште 20 со коишто разговара. Тој едвај има време да одговори на сите и затоа не го започнува прв разговорот.

Сака да држи дистанца

Можеби тој има друга девојка во неговото срце. Можеби тој сè уште не одлучил што сака. Во секој случај, не би сакал самиот да ги избрзува работите, туку сака да му се препушти на времето.

Не му се допаѓате премногу

Му се допаѓате, интересно му е и пријатно да комуницира со вас. Но, не е доволно за самиот да започне разговор. Затоа, едноставно само одговара на вашите пораки.

Тој е само срамежлив

Сè уште има срамежливи момчиња кои се плашат да преземат иницијатива.

Напиши коментар