Дали сте забележале дека жените кои се екстремно поинтелигентни се понезадоволни во љубовта? Зошто им е тешко на паметните жени да најдат љубов?
- Не се согласуваат на помалку
Силните девојки имаат високи стандарди и ако им се допадне некој, што не се однесува кон нив како што заслужуваат, тие ќе се тргнат од тоа момче. Тие не прават компромиси кога станува збор за нивните стандарди и очекувања и точно знаат со кого сакаат да бидат.
- Тие не се плашат да го кажат она што го мислат
Не се плашат да кажат некому дека згрешил или дека лаже. Затоа луѓето често мислат дека се страшни. Таа секогаш ќе се залага за себе и за другите.
- Не им треба партнер
Потребна им е љубов и внимание, но не им треба партнер за да бидат целосни. Љубовта е секогаш нивен избор, а не нешто на што се согласуваат поради страв од осаменост. Тие се задоволни со својот живот и љубовта за нив е само шлаг на тортата, а не потреба.
- Тие знаат како да продолжат понатаму
Знаат како да продолжат понатака кога мораат. Никогаш нема да молат некој да остане со нив или да го молат за втора шанса. Тие се сигурни дека сè ќе биде во ред и дека ќе најдат некој подобар.
- Не дозволуваат некому да му бидат опција
Силните жени не толерираат да бидат третирани како опција и да му служат некому само за забава. Тие ја ценат посветеноста и искреноста и сè друго е нешто на што не се согласуваат.
- Не играат според правилата
Во љубовта или животот – тие никогаш не играат на сигурно. Нивната храброст и бестрашност секогаш изненадуваат и никогаш нема да се двоумат да го побараат она што го сакаат.
- Тие знаат како да се справат со одбивањето
Не се плашат дека некој ќе им каже не, тие го слушнале тоа и претходно, така што нема да ги спречи да истрајат во своите планови. Интересно е што силните девојки се соочуваат со поголемо отфрлање затоа што секогаш го бараат она што го сакаат. Тие не чекаат можноста сама да дојде кај нив, а одбивањето само ги прави посилни.