Отпатувајте
Промената на околината прави чуда за душата, особено ако носи нови впечатоци, забава и ако сте опкружени со многу љубов. Тоа не мора да бидат далечни дестинации. Викенд во најблискиот град со пријателите или идилична прошетка низ некоја планина може да ве оживее! Ако одберете да одите со некого, правилата се јасни – нема приказна за вашето поранешно момче, освен ако навистина не треба да тргнете некој товар од срцето. Со други зборови: нема плачење! Ако одите сами, имајте на ум дека заминувате да се лекувате, а не да се заплеткувате во негативните мисли.
Направете нешто што го сакате
Претпоставувајќи дека сте поминале многу време со поранешниот партнер, сега имате еден тон слободно време. Искористете го за да направите нешто што го сакате. Гледањето филмови со куп бонбони не се рачуна, освен ако не е еднаш неделно! Прво би можеле да се пријавите на курс или викенд работилница, а потоа да го зготвите омиленото јадење или да се обидете да ја направите омилената торта за прв пат. Уживајте во добра книга, посетете изложба или предавање, а исто така можете да се посветите на некое хоби, за кое претходно немавте време.
Преиспитајте го својот живот
Можеби не е најсреќната работа што можете да ја направите, но откако ќе видите што навистина сакате, ќе заборавите на минатото и ќе го насочите фокусот кон она што ве чека. Додадете на тоа топла бања исполнета со миризливи купки и есенцијални масла и додека да трепнете, ќе уживате во создавањето на посакуваниот живот. Понекогаш, за да се наредат коцките, тие прво мора да бидат расфрлани. Анализата на сопствениот живот и живеењето во согласност со тоа, е навистина неописливо искуство.
Поминете време со семејството и пријателите
Кога раскинуваме со некого, честопати сфаќаме колку сме ги занемариле нашите пријатели. Поминувањето време со нив по раскинувањето, може да биде облагородувачко и зајакнувачко. Пријателите се тука за да ја пополнат празнината што ви ја остави поранешниот партнер. Покрај тоа, повторно можете да организирате квалитетно излетување, забава, СПА ден и сè друго што сакате да правите со вашите најблиски. Исто така, се случува да го занемариме семејството. Во вакви ситуации, ние често сфаќаме колку всушност го сакаме. Поминувањето тивко неделно попладне со најблиските може да има терапевтски ефект. И што е најважно, дружете се со деца. Тие се неисцрпен извор на енергија и смеа. Само погледнете како децата се радуваат на малите нешта што возрасните ги заборавиле. Пејте, играјте, фантазирајте. Сè е дозволено!