After Midnight

Неколку ситни детали кои ќе ви откријат дека навистина му се допаѓате

Љубовта секогаш го наоѓа својот пат, дури и кога вешто се обидувате да ја скриете. Или кога некој се обидува да скрие од вас дека многу му се допаѓате.

Ви се чини дека некој соученик, другар, сосед или познаник „фрлил око на вас“, но не сте баш сигурни? Ќе ви помогнат советите на овие експерти, коишто тврдат дека постојат сигурни знаци преку кои можете да откриете за што се работи. Знаците на тајна љубов вклучуваат широка насмевка, долг поглед во очите, мали допири и прекрстени нозе и стапала свртени кон вас. Лицето кое се обидува да ги скрие своите чувства честопати ја допира облеката, си игра со накитот.

Ако момчето е вистински заинтересирано, се насмевнува, воспоставува долг контакт со очите, ја поправа облеката, стои или седи исправено, ги движи рамената наназад, а градите нанапред. Секој од овие индивидуални знаци може да биде и случајност, но ако забележите повеќе знаци, тогаш лицето е тајно заљубено во вас.

Често ви се насмевнува, ви упатува длабоки погледи. Она што е исто така јасен сигнал, е дека ќе ве праша дали имате момче. Тој сигурно не би го прашал тоа ако не му се допаѓате. Нервозен е додека разговарате со другите момци. Можеби ова не значи автоматски дека е љубоморен (што и не е толку добро), но значи дека тој гледа какви се неговите шанси со вас. Не зборува за други девојки, фокусиран е само на вас.

Напиши коментар