Кога сте заробени во насилна врска
Ако сте во врска каде вашиот партнер е насилен и се обидувате да најдете начин да излезете од таа врска, треба да бидете многу внимателни да не предизвикате понатамошна агресија. Можеби ќе треба да лажете за своите постапки, телефонски повици и други контакти што сте ги воспоставиле.
Кога вашиот партнер ќе ве праша за чуствата кон други луѓе
Понекогаш сакате да избегнете одговор на тешките прашања на партнерот. Само замислете ги прашањата: „Дали некогаш си сакала некој повеќе од мене?“; „Дали ти е сè уште привлечен? Ако сè е во ред во вашата врска, најдобро е да дадете негативен одговор, без оглед што е вистина. Можеби сте сакале некого повеќе во минатото, но односот со сегашниот партнер ви е многу поважен од оној од минатото.
Кога раскинувате со некого и не сакате да го повредите
Ако сте иницијатор за раскинување, тоа никогаш не е лесно и мора да најдете адекватен начин да му кажете на вашиот партнер дека тука е крајот.Треба да ги бирате зборовите ако не сакате да го повредите. Може да кажете дека не е само негова вина, туку и ваша, иако тоа можеби не е вистина. Оваа лага ќе ви помогне да ги зачувате почитта и достоинството на вашиот партнер.
Кога сакате да престанете да се расправате
Кога вие и вашиот партнер не можете да се согласите за нешто, тоа предизвикува многу напнатост и стрес. Ако сакате мир во врската, треба да глумите дека ви е жал и да го прифатите мислењето на вашиот партнер, дури и ако се чувствувате поинаку во срцето.
Кога вашиот партнер ќе ви купи лош подарок или гќе ви зготви лош оброк
Понекогаш треба да премолчите некои работи за да не го повредите партнерот. Кога сопругот или сопругата ќе ви дадат погрешен парфем за вашиот роденден или ќе ви зготват лош ручек, глумете дека ви се допаѓа во секој случај. Вашиот партнер вложил време, напор и пари за да се чувствувате добро, затоа немојте да му го расипете тоа.