Бидете девојка која привлекува внимание, онаа што ги тера сите да се свртат на улица и на која сите и завидуваат. Не е невозможно, но ако сакате да бидете тоа, мора да поработите на вашата самодоверба и погледот на светот околу вас.
Биди онаа што храбро чекори напред
Сигурно постои одредена sвезда која е твој идол и на која и се восхитуваш? Често си помислуваш колку би било супер да бидеш во нејзината кожа барем еден ден? Во ред е, но она што треба да го знаете е дека оваа sвезда работи многу на себе и редовно учи како да се носи со себе, што понекогаш не е воопшто лесно. На улица, честопати гледате тинејџерки кои изгледаат феноменално и само зрачат со некоја позитива. Не грижи се, ти си една од нив. За почеток, исправи се, главата нагоре и погледни кон небото. Можеби е малку високо, но поставуваш високи цели уште на почетокот, што ќе те натера никогаш да не се откажеш.
Ослободи се од негативните мисли
Време е итно да го замолчиш тој досаден глас на разумот, кој често те омаловажува и те тера да се сомневаш во себе. И кога си прва смена на училиште, започни го утрото со позитивни мисли и твојот ден веднаш ќе стане поинаков. Застани пред огледалото и смело кажи си: „Сакам, можам и ќе бидам најдобар“, размисли за позитивните работи – тие добро влијаат на твојата самодоверба.
Биди онаа која секогаш лудо се забавува
Отсекогаш сте им се воодушевувале на девојките кои лудуваат на секоја забава и секогаш се полни со енергија. Зошто и ти не би била таква? Дали мислиш дека на тие девојки им цветаат рози? И таа можеби имала непријатна ситуација тој ден, но сепак решила да си го поправи денот. Кога музиката започнува, бидете онаа која прв ќе стане да танцува на својата омилена песна. Не размислувај што ќе мислат луѓето околу тебе.
Насмевката е најсилното оружје
Искрената насмевка е најлесниот начин да оставиш впечаток на самоуверена личност која е целосно задоволна од себе. Многу студии докажаа дека смеењето го ослободува стресот и дека е најдобриот лек за негативните и депресивни луѓе. Без разлика дали станува збор за добра шега или комичен филм, смеењето предизвикува лачење на хормонот на задоволство, кој го зајакнува имунитетот.