Free zone

Неколку совети како да направите вашата облека да изгледа скапоцено – Не е сè во цената!

За да постигнете скапоцен изглед, вашиот стајлинг не мора да биде со дизајнерски потпис… Овие неколку совети ќе ви помогнат секогаш да изгледате негувано и светски!

Носење соодветна облека
Облека која, без оглед на нејзината цена, не одговара на обликот на вашето тело, ќе резултира со „неуреден“ изглед, па модните експерти сугерираат да користите кројач, ако не можете сами да ја прилагодите силуетата на одредени облеки.

На преголемите парчиња понекогаш им помагаат едноставни трикови како што е појас врзан на половината, а треба целосно да избегнувате да носите премногу тесна облека, што според модните експерти, никогаш не изгледа добро.

Впечатлив накит
Без разлика дали станува збор за прстен, ѓердан или нараквица, накитот што се издвојува со својот изглед, ќе направи да изгледа скапо и наједноставната комбинација на облека.

Инвестирајте во квалитетен капут
Во зимските месеци, јакните и палтата се првото нешто што ве привлекува, а изборот на квалитетен модел ќе направи да изгледате многу пософистицирано.

Црна боја
Достапните парчиња во темни бои, а особено во црна боја, во повеќето случаи изгледаат многу подобро од слични парчиња во посветла палета на бои, бидејќи малите недостатоци се помалку забележливи.

Променете ги деталите
Вашата јакна изгледа добро, но пластичните копчиња прават да изгледа евтино? Заменете ги со модели од дрво или кожа. Ви се допаѓа чипкастиот „кроп – топ“, но ви пречат неговите светли апликации? Отстранете ги.

Соодветна долна облека
Комбинации на облека под коишто ѕирка градникот или гаќичките, никогаш нема да остави добар впечаток, затоа бидете сигурни дека силуетата на облеката не е „узурпирана“ од она што го носите под неа.

Негуван изглед
Уредни нокти на рацете и нозете, негувана кожа, свежо измиена коса, незабележителен мирис – сето ова прави вашите комбинации на облека да изгледаат многу поскапи отколку што навистина се.

Напиши коментар