Free zone

Неколку совети како да станете вистинска дама со стил

Можете да изгледате елегантно и софистицирано дури и без скапата и дизајнирана облека во плакарот. Само неколку клучни додатоци и едноставни трикови се доволни за да изгледате беспрекорно!

Секогаш носете кармин

Не мора да нанесувате многу шминка на лицето за да изгледате елегантно. Сè што ви треба е малку кармин. Подигнете ја косата во шик пунџа и ставете класичен црвен кармин на усните, па нека се осмели некој да ви каже дека не изгледате елегантно.

Врзете високо опавче

Без оглед на видот или бојата на вашата коса, високото опавче е совршен и ефтин трик што помага фризурата да изгледа беспрекорно. Таквото опавче ја оддалечува косата од лицето, а на овој начин всушност ги потенцирате цртите на лицето. Покрај тоа, подигната опашка ќе помогне да се насочи вниманието кон деколтето, ушите и лицето.

Инвестирајте во основни модни парчиња

Одењето во чекор со трендовите може да биде скапо, но планираното купување и инвестирање во одредени парчиња облека веројатно ќе биде поисплатливо. Фармерките што совршено ви прилегаат, мал црн фустан (кој може да се носи на безброј начини) и добар градник се основните парчиња во женската гардероба.

Средете ги ноктите

Покрај облеката, важно е да имате и уредни нокти. Ова не значи маникир секоја недела, но можете да ги средите и излакирате дома или да ги отстраните малите остатоци од лакот. Ова автоматски ќе направи да изгледате попривлечно и поелегантно.

Напиши коментар