Free zone

Неколку совети како најбрзо и најлесно да го отстраните лакот од ноктите доколку немате ацетон

На многу девојки им се случило да мораат да го отстранат лакот веднаш, а притоа да немаат ацетон во моментот.

Постојат неколку начини да го направите ова, користејќи ги овие мали трикови:

  • Дезодоранс – напрскајте малку и брзо и додека ноктот е сè уште влажен, извадете го лакот со памукче. Обратниот процес, ставање дезодоранс на памучна волна, нема да ги даде посакуваните резултати.
  • Лак за коса – постапката е иста како и со дезодорансот, освен што не користите памук, туку салфетка, бидејќи лакот се лепи на памучната волна.
  • Парфем – постапката е иста, но важно е да користите парфем, а не тоалетна вода.
  • Нов слој на лак – нанесете нов, дебел слој на лак и со тоалет – хартија притиснете силно и избришете го. Новиот слој се врзува за стариот и го отстранува.

Напиши коментар