Free zone

Постои решение и за една од најлошите навики: Неколку совети како да престанете да ги „грицкате“ ноктите!

Многумина едноставно не можат да одолеат – ги грицкаат ноктите во секое време. Целосно механички и несвесно…Некои го прават тоа од досада… Бидејќи грицкањето нокти е задоволство за овие луѓе, ги релаксира и ја ублажува напнатоста – тешко е да се откажете од оваа навика.

Самоконтрола

Првиот чекор е да се запознаете себе си и своите навики. Обрнете внимание на ситуациите во кои ги грицкате ноктите и какви се вашите емоции додека го правите тоа.

Замислете дека имате убави нокти

Замислете си дека имате убави, долги и здрави нокти. Започнете со еден нокт. Ако успеете со еден, тоа може да биде вашиот мотив да продолжите исто и со другите нокти. Ставете самолепливи белешки – потсетници некаде пред вашите очи, за да ве потсетуваат да не ги приближувате рацете до устата. Пронајдете фотографија од ноктите што би сакале да ги имате и фотографија од вашите нокти покрај неа во фазата во која се најоштетени – сигурно ќе разберете дека сепак не сакате да имате толку грди нокти.

Пронајдете ја причината за вашето грицкање на ноктите

Откако ќе ги препознаете ситуациите во кои најчесто ги грицкате ноктите, обидете се да ја пронајдете причината за тоа:

  • Ако причината за тоа е моментален стрес, борете се со него користејќи техники за релаксација, вежби, повеќе сон, помалку дневни обврски…
  • Ако причината е општа напнатост, обидете се да научите нови начини за борба против анксиозноста, најдете нешто друго што ќе ви помогне да се смирите и полесно да се справувате со секојдневните проблеми

Убави и цврсти нокти

Минералите, калциумот и магнезиумот првенствено влијаат на изгледот на ноктите. Земајте ги во препорачаните дози, без оглед дали тоа ќе го направите преку исхраната или преку додатоци во исхраната.

Средствата за зацврстување на ноктите може да се купат во аптеките. Ако успеете да не ги грицкате барем некое време, заштитете ги така што ќе ги налакирате или ќе посетите маникир. Сигурно ќе ви биде многу тешко да „нападнете“ убави и средени нокти.

Брзи решенија – лак или крема против грицкање

Можете да користите лак или специјални креми против грицкање. Вкусот на овие производи е горчлив и непријатен. Меѓутоа, ако со текот на времето се навикнете на тој вкус и повторно започнете да ги грицкате ноктите – заменете го тој производ со нешто слично. Бидете внимателни, љубовта кон горчливиот вкус да не ја пренесете на храната. Девојките можат брзо и ефикасно да ги заштитат своите нокти во салоните за убавина – со ставање вештачки нокти.

Напиши коментар