Free zone

Неколку совети за посладок сон

Дигитална детоксикација

Колку и да е тешко, обидете се да избегнувате мобилни уреди, компјутери, таблети и други гаџети два часа пред спиење. Сината светлина што ја емитираат електронските уреди го намалува нивото на мелатонин, хормонот одговорен за чувството на поспаност.

Будилник

Време е да си набавите класичен будилник! Оставете го да ве буди секое утро наместо мобилниот телефон. Овој ретро аларм ја нема опцијата „одложување“, што е одлична вест, затоа што одложувањето на будењето за 10 минути нема да ви овозможи дополнителни минути квалитетен сон, а најверојатно и ќе се успиете.

Спиење со ТВ

Обидете се да не заспиете пред телевизорот. Студија којашто го проучување спиењето, покажа дека сигурно ќе се разбудите барем еднаш во текот на ноќта и токму таквиот наизменичен сон доведува до слаб квалитет на спиењето.

Температура

Намалувањето на телесната температура може да помогне во сонот. Идеалната температура во вашата спална соба треба да биде помеѓу 18 и 20 Целзиусови степени. Но, ве советуваме да ги загреете рацете и нозете, особено во зимските месеци.

Напиши коментар