After Midnight

Неколку суптилни знаци кои покажуваат дека му се допаѓате

Ако не сте сигурни дали му се допаѓате, обрнете големо внимание на неговото однесување затоа што овие суптилни знаци го издаваат! Некои сигнали е лесно да ги откриете, а покажуваат дека сте му привлечна.

Контакт со очи

Ништо посигурно не кажува „Ми се допаѓаш“ како контактот со очите. Јасен е фактот дека некој што ве гледа во очи додека разговара со вас не мора да значи дека се заљубил, но ако долго време го држи погледот кон вас, тогаш тоа веќе укажува на некоја „хемија“ којашто се развила.

Поцрвенува кога е во ваше друштво

Ако момчето што ви се допаѓа лесно поцрвенува кога е во ваше друштво, тоа значи дека сте му го „полуале“ светот, па затоа е срамежлив и малку нервозен, а сè затоа што му се допаѓате и би сакал да остави добар впечаток. Од друга страна, некои луѓе се само срамежливи, па затоа обрнете внимание на тоа дали црвената боја е поради вас или поради нешто друго.

Тој секогаш прв започнува разговор

Дали тој се обидува на секој начин да започне разговор со вас? Тоа е добар знак дека му се допаѓаш. Добрата вест е што науката докажа дека колку повеќе разговарате со некого за теми што ве интересираат и двајцата, толку се поголеми шансите да се роди љубов меѓу вас!

Тој секогаш се насмевнува

Дефинитивно му се допаѓате ако секогаш ви се насмевнува. Кога некој се насмевнува само поради љубезност, неговата уста е обично затворена, а од друга страна, широката насмевка, особено ако е придружена со комплименти, е знак за интерес.

Напиши коментар