Free zone

Неколку трикови кои од вас ќе направат вистински мајстор за online состаноци

Поголемиот дел од нашето работно време го поминуваме на Интернет, а online состаноците стануваат сè почести. Податоците покажуваат дека бројот на луѓе кои ги користат сите придобивки од комуникацијата преку Интернет за состаноци, се зголемил за фантастични 115%. Бројката постојано расте, додека во индустриите кои имаат странски клиенти и колеги, оваа практика е одамна вообичаена. Иако „доаѓаме“ на состаноци на Интернет во малку порелаксирана облека, сепак треба да обрнеме внимание на впечатокот што го оставаме. Од светло, микрофон, бучава во позадина, разни вештини и правила на добро однесување – сето тоа се фактори кои можат да влијаат на тоа како колегите или партнерите ќе нè доживеат. Со нашето мало училиште за online состаноци, веќе нема да се грижите за тоа. Ги истраживме основните правила на состаноците преку Интернет и како секој од нас може да стане вистински професионалец.

Белешки пред состанокот

Не е залудно речено дека подготовката е половина од работата. Ако имате важен состанок, подгответе се темелно за тоа. Најновите истражувања сугерираат дека мозокот на просечна личност произведува 6.000 мисли на ден, а за да бидете сигурни дека на состанокот ќе ги донесеме само структурираните, подготовката е клучна. Ден пред состанокот, ако постигнете, проучете го материјалот што ќе го презентирате и запишете белешки. Преспијте и прочитајте ги повторно наутро додеа го пиете првото кафе. Во последно време, се повеќе се пишува за музиката која ја зголемува продуктивноста, затоа истражете ги плејлистите што може да ви помогнат. Со новите безжични слушалки Huawei FreeBuds Pro и вашата омилена музика, ќе заборавите дека воопшто работите!

Добро изберете го местото од кадешто ќе се вклучите на состанокот

Камерите не се вклучуваат редовно на online состаноците, но бидете подготвени за ситуација кога вашето учество вклучува користење камера. Би било идеално ако можете да се поставите некаде пред неутрална позадина, бидејќи во спротивно вашата околина ќе го одвлече вниманието од она што го зборувате. А, не го сакате тоа, нели? Сигурни сме дека не, особено откако ќе се подготвите темелно за состанокот.

Манири за време на состанокот

Се разбира, не јадете и не пиете за време на службениот состанок, бидејќи најверојатно секој има слушалки на ушите, така што тие ќе бидат поинтензивно изложени на звуците што доаѓаат од конзумирањето храна и пијалоци. Не е тајна дека повеќето вработени денес работат со повеќе задачи, односно извршуваат неколку задачи истовремено. Меѓутоа, ако се среќавате со претпоставените, препорачливо е да не гледате телевизија, да не пишувате на вашиот мобилен телефон или очигледно да не учествувате во друга активност за време на состанокот.

Споделување на екранот

Ако одржувате презентација или дел од презентација, веројатно ќе треба да го споделите вашиот екрани во одреден момент од состанокот. Бидете сигурни дека сè што е на него во тој момент е прилагодено на публиката на која и се обраќате. Иако смешната фотографија на аголот од екранот може да биде симпатична за некои од колегите, тој вид содржина може да не наиде на одобрување од сите други на состанокот. Чувајте ја презентацијата што ја презентирате на дофат на раката, за да не губите време да ја барате на вашата работна површина. На состаноците треба да бидете брзи и ефикасни. И не заборавајте на сето ова – штом ги усвоите овие основни правила, ќе го одработите секој следен online состанок како вистински професионалец.

Напиши коментар