Free zone

Неколку трикови за подобра шминка на вашите очи: Проблемот со размачкување решете го засекогаш

Секогаш ставајте прајмер на очите
Поради обликот на очниот капак, шминката на овој дел од телото е подложна на чести размачкувања. За да спречите дамки, ставете прајмер пред да ја нанесете сенката.

Држете се до водоотпорните производи
Секогаш кога е можно, користете водоотпорна маскара и други слични производи кои ја намалуваат можноста за размачкување на шминката околу очите.

Не ги затворајте очите кога ставате шминка
Кога ги шминкаат очите, многу девојки ги затвораат очните капаци со цел подобро да се нашминкаат. Девојките со спуштени очни капаци треба да гледаат директно во огледалото, за подобро да го видат работ на очниот капак.

Шминкајте ја средината на трепките
Не се концентрирајте на нанесување шминка на надворешните и внатрешните рабови на трепките. Напротив, истакнете ја средината на трепките со маскара и со тоа заокружете го погледот на очите.

Користете квалитетни четки
За да спречите размачкување на шминката во пределот околу очите, користете квалитетни четки за нанесување шминка. Косо исечената четка за нанесување сенка за очи, за која е потребна прецизност при нанесување шминка, ќе ви биде од голема помош.

Напиши коментар