Free zone

Неколку трикови за вашата шминка да трае подолго дури и кога носите маска

Жените знаат – секој пат кога ќе ја тргнеме маската, оставаме дел од шминката на неа, и сè поголем е бројот на оние кои се откажуваат од шминкањето, омилениот женски ритуал.

Сепак, постојат начини да направите шминката на вашето лице да трае подолго, само е потребно во своето секојдневно make up време да додадете уште некоја минута плус.

Хидратација и прајмер

Ова е навистина важен чекор затоа што пудрата ќе изгледа многу подобро и ќе трае подолго, ако ја нанесете на хидрирана кожа. На тој начин, пудрата нема дополнително да го исуши лицето, а потоа да започне да се лупи, со секое отстранување на маската. Прајмерот ќе помогне лицето да биде мазно, што пак има корисен ефект врз изгледот на пудрата, како и врз неговата издржливост.

Избегнувајте кремасти производи

Додека маските се детал без кој не ја напуштаме куќата, мора да заборавиме на кремастите производи. Значи, течните руменила, хајлајтери во форма на стик и слично, не се добар избор за овој период.

Дајте предност на производите во прав затоа што тие ќе останат на лицето многу подолго. На крајот на краиштата, ова е причината зошто треба да ставиме течна пудра и коректор, па јасно е дека кремастите производи ќе треба да почекаат некои подобри времиња.

Користете некој фиксатор

Постојат многу различни фиксатори на располагање на пазарот од голем број производители, затоа изберете некој што одговара на вашиот тип на кожа.

Не само што фиксаторот ќе овозможи шминката да трае подолго, туку и да изгледа поубаво затоа што ја прави кожата похидрирана, а со тоа и поубава.

Напиши коментар