Free zone

Нема да можете да им одолеете: Ова се најслатките кученца на светот

Далматинец

Далматинците се кучиња со средна големина, а поради црните точки, тие се едноставно неодоливи. Припаѓаат на групата многу интелигентни кучиња. Тие се многу разиграни и заштитнички настроени кон сопствениците. Кога имате Далматинец, имате верен пријател и чувар. Сакаат да поминуваат време во друштво на луѓе.

Акита

Акита е големо куче кое е многу симпатично, иако неговиот изглед не го кажува тоа. Исклучително силно, брзо и подвижно куче кое ретко лае. Исклучително е чисто и исто како мачката, ќе го исчисти лицето после јадење, а доколку е здраво, не поседува силен мирис. Тоа е интелигентно и храбро, а неговиот карактер се карактеризира со бестрашност и хиперактивност. Достигнува висина до 65 см, а може да тежи од 34 до 54 килограми. Крајно е лојално на своето семејство.

Померанец

Станува збор за куче од видот Шпиц, именувано по регионот Померанија, кој некогаш и припаѓал на Германија, а денес најмногу и припаѓа на Полска. Тоа е потомок и близок роднина на поголемиот германски Шпиц, а во некои земји е познато како џуџе Шпиц.

Ова крзнено милениче има прекрасно крзно и премногу слатко лице. Пријателски е настроено, паметно е и многу енергично, па доколку го имате ова куче, сигурно никогаш не ви е досадно.

Самојед

Името Самојед потекнува од племето Смојед во северна Русија и Сибир. Тие се препознаваат по снежно-белата боја на крзно, кое е густо и има два слоја. Станува збор за многу лојално куче. Тоа е пријателски настроено, особено кон децата. Познато е како најнасмеаното кученце.

Самојед е едно од ретките кучиња што не предизвикува алергии, така што може да ги чуваат и луѓето кои се алергични на влакна.

Сибирска хаска

Овие кучиња ги краси навистина прекрасна убавина, а атрактивни се и поради нивната единствена природа, што претставува мешавина од релаксација и спортски дух. Сибирските хаски се разиграни кучиња кои ќе се дружат со сите, па затоа и не се многу добри кучиња чувари. Тие се најсреќни кога се со членовите на нивното семејство или кога се дел од група.

Тие се одлично друштво за трчање, бидејќи на хаските им треба редовна физичка активност и доволно движење.

Напиши коментар