Free zone

Неверојатна реткост: Жена природно зачнала и родила идентични тројки

Дваесет и шестгодишната Кети Крау од Велс донесе на свет идентични тројки.

Ова е исклучително редок случај, поточно, веројатноста за тоа да се случи е една од 200 милиони бремености.

Таа зачнала природно, без никаква медицинска интервенција, а вистинскиот шок дошол на ултразвукот од 12-та недела од бременоста кога дознала дека не носи едно, туку три бебиња.

„Лекарите ми рекоа дека е редок случај, но не знаев колку. Бевме предупредени за можни компликации, но сè беше добро“, рече Крау.

Оплодената јајце клетка се подели на три после зачнувањето, а бебињата се родени со итен царски рез на 9 февруари кога Крау беше 30 недели и еден ден бремена.

“Јас завршив во болницата во 26-та недела од бременоста, но успеавме да ги надминеме сите проблеми. Царскиот рез беше договорен за 32-та недела, но јас добив трудови во 30-та недела и така пристигнаа бебињата. Првото во 17.50 часот, второто во 17.51 и третото во 17.52 часот“, додаде Кети.

Томи, Џошуа и Еди беа пречекани дома од четиригодишниот брат Џејкоб, а нивните родители не ги отстранија нивните болнички нараквици во првите недели за да ги разликуваат трите момчиња.

Напиши коментар