Youtube

Неверојатната природа на Кина – Езера, планини, водопади и други атракции кои никого не оставаат рамнодушен!(ВИДЕО)

Една од земјите со најубави пејзажи во светот.

Кина е специфична земја по бројни критериуми и никој не може да ја оспори убавината на нејзината природа, поради што многумина ја прогласуваат оваа земја за најубава во светот.

Планини, водопади, езера и кањони се само некои од прекрасните пејзажи што ги има Кина. На бројни разгледници од оваа земја се претставени неверојатни планински предели, најчесто планината Уџи, националниот парк во југоисточна Кина, водопадот Хуангушу.

Водопадот Хуангушу е, со повеќе од 77 метри, највисокиот водопад во Азија. Погледот е спектакуларен, но погледот зад водопадот е уште поинтересен.

Долината Шенунгцеја, која постојано е покриена со магла, е исто така дом на една од најголемите суптропски шуми во овој дел од светот.

Златни мајмуни и илјадници други видови на животни живеат во овие шуми.

Погледнете ги овие и многу други природни убавини на Кина:

Напиши коментар