Celebrity

Невкусна шега на сметка на Селена Гомез: Фановите бесни, а пристигна и длабоко извинување од страна на продуцентите!

Преработката на тинејџерската серија од 90-тите години на минатиот век, „Ѕаved by the Bell“, беше премиерно прикажана во САД, но веднаш по премиерата, серијата предизвика контроверзии, поради Селена Гомез.

Шестата епизода од серијата е проблематична, бидејќи некои од шегите се насочени кон пејачката, односно нејзиното здравје и трансплантација на бубрег.

Во една од сцените, двајца студенти се расправаат околу тоа кој и го донирал бубрегот на Селена. Знаеме дека тоа беше пријателката Франсио Раис, но студентите не мислат така.

„Знам дека нејзиниот бубрег го донираше мајката на Џастин Бибер. Би сакала да имам телефон за да ти докажам “, вели една ученичка, додека другата одговара:

„Да докажеш што?! Дали си ти идиот? Тоа е бубрегот на Деми Ловато. Тие се најдобри пријателки, како што бевме јас и ти“.

Во следната сцена се прикажани графити, напишани на ѕидот на на соблекувалната: “Дали Селена Гомез има бубрег воопшто”, што дополнително ги разбесни обожавателите на пејачката.

Наскоро следеа твитови, кои бараа извинување од продуцентите, отстранување на сцената од серијата и почитување на Селена Гомез: RESPECT SELENA GOMEZ.

Еден ден подоцна, извршните продуценти, стриминг сервисот Peacock и NBCUniversal production издадоа заедничко соопштение со кое и се извинија на Селена. “Жал ни е. Не ни беше намерата да се пошегуваме со здравјето на Селена. Контактираме со нејзиниот тим и ќе донираме пари за нејзината хуманитарна фондација, која го финансира истражувањето на лупус“, стои во соопштението.

Напиши коментар