Дизни објави дека ќе снима продолжение на филмот “Кралот лав” во 3D, а режијата ќе му биде доверена на Бери Јанкинс.
“Кралот лав”, кој беше успешен во кината, излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари.
Во тој цртан филм, гласовите беа позајмени од многу светски sвезди, вклучувајќи ја и пејачката Бијонсе.
Дизни не даде други детали, додека Јанкинс изјави дека е негов сон да работи со таа компанија.
Филмот “Месечина” (Moonlight) на Јанкинс го освои Оскарот за најдобар филм во 2017 година.