Free zone

Нијанси на кармин кои ќе бидат вистински хит оваа сезона

Трендовите постојано се менуваат и секогаш се носи нешто ново. Некои ќе ги следат, други воопшто нема да се грижат за нив. Во деновите кога не знаете што да облечете, каква фризура да направите или како да се нашминкате, трендовите можат да ви дадат кул идеја што потоа можете да ја прилагодите на вашиот стил.

Nude нијанса

Носењето некои темни или светли бои не е нешто со што секој ќе се чувствува пријатно, а за таквите ова е идеален тренд. Нема да биде толку лудо, но повторно ќе биде малку поразлично од вообичаеното. Nude нијансите кои имаат малку портокалов тон, се попопуларни од кога и да било. Бидејќи не е некоја луда боја, можат да бидат вашиот избор секој ден.

Црвенкасти нијанси

Ова е типот на боја што ја врзуваме со есента и дефинитивно нема да погрешите ако изберете таква боја. Наместо да бидете само уште една девојка која ќе ги прецрта усните и ќе стави обична бледа нијанса, бидете таа што ќе отскокне од сите други и ќе носи некаква пригушена боја како оваа. Излезете од вашата зона на удобност и прво испробајте вакво нешто дома. Отпрвин ќе ви изгледа малку чидно, но штом ќе се навикнете, ќе сфатите дека воопшто не е толку лудо.

Виолетова

Без разлика дали одите на состанок или одите на прошетка со пријателката, виолетовата нијанса е секогаш добро решение. На есен не мора да се носат само темни и кафеави бои, вие ќе бидете личноста што ќе ги шири веселите боите во овие мрачни и монотони денови. Виолетовите нијанси на кармин се и оние кои се малку посмели, но шминката е тука за играње, па зошто да не пробате и вакво нешто.

Напиши коментар