Celebrity

Ники Минаж ја објави првата фотографија од своето бебе

После тајната бременост, Ники Минаж конечно реши да им открие на фановите како изгледа нејзиното бебе – или барем дел од него.

Раперката објави фотографија од стапалото на своето бебе на Инстаграм, што фановите целосно ги „фрли“ во транс.

View this post on Instagram

Happy Anniversary, my love ♥️

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Претходно, Ники на Твитер негираше дека фотографијата од бебето, која кружеше на Интернет, всушност е фотографија од нејзиното дете.

Ники на 20 јули откри дека е бремена, но после тоа престана да зборува за бременоста.

Инаку, раперката во септември 2019 година објави дека планира да се повлече од музичката сцена.

„Одлучив да се пензионирам и да основам семејство“, твитна таа, но оттогаш се појави како гостинка во неколку синглови.

Ники го роди својот син на 30 септември, но полот го откри дури 15 дена подоцна, кога им се заблагодаруваше на своите колеги за честитките.

Напиши коментар