After Midnight

Никој не може да те повреди двапати – Освен ако ти не му дозволиш!

Никој не може да те повреди двапати, освен ако ти не му дозволиш. Првиот пат е возможно. А втор пат, вториот пат е наш избор. Затоа што секогаш можеш да се повлечеш после првиот пат. Физички, емоционално … како и да е. Може да знаеш што да очекуваш од врз основа на нивното однесување и постапки. И не барај оправдување и каење, онаму кадешто ги нема.

Па, даваш и втора шанса, а ниту за првата скоро немало место… Процени мудро, има ли тука простор за тебе? За нешто подобро? Или, тоа е голем знак да се повлечеш засекогаш.

Затоа што никој не може повторно да те повреди, освен ако ти не му дозволиш. Можеш да останеш физички таму, но да бидеш недопирлив. Блиску, а сепак далеку. Создади енергетска и емоционална граница за оние кои не заслужуваат да ти се доближат. И, непогрешливо, по нивното однесување ќе знаеш дали го заслужуваат тоа. Дали те заслужуваат? И дали ти го заслужуваш она што го нудат? Размисли добро. Размисли мудро. И исчисти ги своите градини од плевел. А, почвата направи ја таква што ќе не можат повеќе да растат таму.

Напиши коментар