Free zone

Ниту долга, ниту кратка – Според фризерите ова е идеалната фризура за сите оние кои сакаат средна должина на коса

Многу е лесно да најдете примери за одлични долги и кратки фризури, но потрагата по идеалната должина може да се претвори во вистинска невозможна мисија. Ако сте љубител на должини кои спаѓаат во категоријата „ниту долги ниту кратки“, вие сте на вистинското место! Според познатите фризери, постои фризура која успешно ќе ги исполни горенаведените критериуми, а во исто време ќе изгледате младолико и свежо.

За нејзината популарност сведочи и фактот што често ја носат sвездите од Холивуд А листата, како што се актерките Маргот Роби и Соирс Ронан. Исто така, пејачката, Џенифер Лопез и владетелката на Инстаграм, Ким Кардашијан, се среќни што и се враќаат, бидејќи таа им нуди големи можности за надоградба со екстензии или додавање на перики.

Да не должиме затоа што веројатно сте доволно љубопитни – се работи за брановиден „боб“ со средна должина. Експертите за коса сметаат дека „боб“ е најразновидната фризура, а „А линијата“ во моментов е позната како најпопуларна фризура во светот. Идеалната должина ќе ја постигнете со сечење на косата до должина што ќе оди веднаш под брадата. Трикот е да ги задржите врвовите неколку сантиметри над рамото, бидејќи тоа ќе го насочи погледот кон вратот и деколтето, давајќи впечаток на суптилна сензуалност.

Ако се одлучите за оваа фризура, заборавете на строгите, рамни врвови. Фокусот во овој случај е на создавање впечаток на мека и свилена коса што имитира лежерна природна структура на косата. Можеме да кажеме дека ова е фризерски пандан на шминкерското создавање на совршен изглед „без шминка“, односно успешно креирање на изглед кој дава впечаток на беспрекорна убавина, во која е вложен минимален напор (иако знаеме дека тоа е далеку од вистината).

Напиши коментар