Free zone

Ниту Холивуд не можеше да одолее: Долгата коса повеќе не е во мода, оваа фризура го освои светот!

Нема да погрешите ако се одлучите за должина на косата до рамениците.

Ова го потврдија и фризерите кои се грижат за косата на светските ѕвезди, а еден од нив е Крис Аплтон, фризерот на познатата пејачка Џенифер Лопез, во чии раце таа секогаш се препушта. Ако размислувате да го освежите својот изглед оваа есен, нема да погрешите доколку се одлучите за должината на косата што не ги надминува рамената, следејќи го примерот на овие убавици.

Се работи за класична должина која никогаш нема да излезе од мода, а освен што е многу женствена, оваа фризура е лесна и за негување. Важно е, објаснуваат експертите, косата да се скрати во слоеви, со цел да се создаде впечаток на поголем волумен.

„Ова е совршена должина според мене“, напиша славниот фризер во описот на фотографијата од Џеј Ло.

Исто така, многу е барана и таканаречената „неуредна“ варијанта, лежерна и шармантно „разбушавена“ фризура, којашто ја носеше иконата на британскиот стил, Алекс Ченг, со години.

Напиши коментар