Celebrity

Номинациите за една од најпрестижните музички награди се тука: На Џастин ништо не му е јасно, некој е страшно многу лут, а Хари Стајлс има нов рекорд!

Номинациите за една од најпрестижните музички награди се тука, а славните имаат што да кажат. Покрај тоа што оваа година решија малку да ги променат имињата на категориите, тие успеаа да налутат некои од славните личности.

Пристигнаа номинациите за Греми што треба да се одржат во 2021 година. Иако тоа би требало да биде причина за славење за еден куп музичари, оваа година околу тоа настана хаос и конфузија, повеќе отколку во претходните години. Реакциите на славните на номинациите се различни. Еден од оние кои имаат голема причина за славење е поранешниот член на One Direction, Хари Стајлс, кој е првиот член на групата номиниран за оваа престижна награда, во три категории – Најдобар поп-вокален албум, најдобар поп-соло настап и најдобро музичко видео. Ниту еден од другите членови, како и додека беа дел од групата, не беа номинирани, така да ова е голема работа.

Од друга страна, Џастин Бибер, иако е задоволен од номинациите, не е задоволен од категориите во кои го ставаат, бидејќи смета дека е чудно и нема смисла. Тој беше номиниран во категориите за најдобра поп-соло изведба (со „Yummy“), најдобро поп дуо / групна изведба (со „Intentions“), најдобар поп-вокален албум („Changes“) и најдобар кантри дуо / групна изведба (со „10.000 hours#). Она што му пречи е неговиот пласман во поп-категориите. Во објавата на Инстаграм, тој напиша: „Ве молам, немојте ова да го помешате со неблагодарност, ова се само моите мисли. (…) Драго ми е што ме ценат за мојата уметност. “Changes” е R&B албум. Сепак, не се перципира на тој начин, што за мене е многу чудно“.

Тој смета дека овој албум треба да биде во друга категорија бидејќи тоа е од мелодии до вокален стил, R&B стил. Тој појасни и дека нема ништо против поп музиката, но дека овој албум не е поп. Сепак, тој е благодарен за сè, само што ништо не му е јасно.

Во морето реакции се истакнаа и онаа на пејачот The Weeknd, кој е тотално лут затоа што не беше номиниран во ниедна категорија. Неговиот албум „After hours“ постигна огромен успех, беше на топ-листите со недели и недели, освои награди, беше пофален од критичарите од сите страни, обожаван од обожавателите и на крајот игнориран од Греми. Тој на Твитер напиша дека изгледа дека Греми остануваат корумпирани и дека тој, неговите фанови и музичката индустрија заслужуваат транспарентност. Греми годинава добро ги зезнаа работите, затоа што никогаш немало толку незадоволство како сега. Дури и обожавателите на овие пејачи не се задоволни и тоа го покажуваат на социјалните мрежи.

Напиши коментар